Loading Video...
Свет
22. January 2020 - 19:07

Грција ја доби првата жена претседател

Грција ја доби првата жена претседател. Парламентот со апсолутно мнозинство ја избра Екатерини Сакеларопулу за нов претседател. За неа гласаа 261 од вкупно 300 пратеници. Поддршка доби од владејачката Нова Демократија, но и од најголемата опозициска партија Сириза, како и од опозициското Движење за промени.

63-годишната Сакеларопулу на чело на државата доаѓа од функцијата претседателка на Врховниот административен суд. Родена е во Солун, а живее во Атина.

Екатерини Сакеларопулу ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога истекува мандатот на досегашниот грчки претседател  Прокопис Павлопулос.