Балкан
20. July 2018 - 13:10

Грција им даде 5.000 златни визи на инвеститорите во недвижности

Грција даде 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра од 2012 година.

Како што изјави Елиас Атанасиу, директор на Ентерпрајз Грис, програмата силно расте.

Атанасиу рече дека во текот на првата година побарувачката за визи порасна од 400 годишно на 50 дневно за приходи кои надминале 1.5 милјарди евра.

Тој додаде дека тоа главно се азиски граѓани, посебно Кинези и Арапи и Руси ги користат предностите од програмата „Златна виза“.