Балкан
17. November 2015 - 9:32

Грција и кредиторите постигнаа спогодба за мерките за реформи

Грција и нејзините кредитори постигнаа спогодба за мерките за реформи, со што ќе се олесни патот за отпуштање на транша од две милијарди евра за земјата и уште десет милијарди за рекапитализација на нејзините банки.

Спогодбата била постигната рано изутринава, во 1:30 часот по повеќедневните маратонски преговори. 

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос изјави дека спогодбата била постигната за сите 48 мерки, побарани од кредиторите. 

Се очекува законот за тие мерки денеска да биде доставен до грчкиот Парламент, а гласањето за него ќе се одржи в четврток.