Бизнис
2. May 2017 - 8:20

Грција и кредиторите постигнаа договор

Грција и кредиторите постигнаа денеска договор за пакет реформи предвидени со економската програма за спас на државата.

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос рече дека договорот отвора пат за добивање на следната транша од заемите за финансиска помош на државата.

Договорот предвидува реформи на пазарот на трудот и во сферата на енергетиката, како и намалување на пензиите и зголемување даноци.