Балкан
9. јуни 2020 - 10:56

Грција и Италија ќе потпишат договор за разграничување на ексклузивната економска зона меѓу двете земји

Договор за разграничување на ексклузивната економска морска зона меѓу двете земји ќе потпишат министрите за надворешни работи на Грција и Италија, Никос Дендиас и Луиџи ди Маио на нивната денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на грчката и италијанската дипломатија ќе разговараат за темите од билатерален, европски и регионален интерес.