Балкан
13. April 2017 - 16:38

Грција ги засили безбедносните мерки во коптските цркви за Велигден

Во пресрет на велигденските празници, грчката полиција ги зајакнаа  безбедносните мерки  во трите официјални коптски православни цркви во Атина. 

Како што пренесуваат грчките медиуми,   храмовите  се под постојан полицики надзор, поради страв од можни напади.

Пред неколку дена  борци на ИД се разнесоа во две коптски цркви во Египет, при што загинаа најмалку 44 лица.