Балкан
16. August 2017 - 8:45

Грција бара помош од ЕУ за гаснење на пожарите

Грчките власти побараа од државите - членки на Европската унија да им позајмат авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите, откако пожарникарите веќе трет ден се борат против огнената стихија северно од Атина.

Противпожарната служба наведе дека 60 пожарникари се испратени од Кипар за да и помогнат на Грција во гаснењето пожари.

Околу 400 грчки пожарникари и војници со поддршка на Канадери и десетина противпожарни камиони се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу местата Варнавас и Каламос, околу 45 километри северно од Атина.

Засега никој не е повреден во пожарот, но најмалку 20 куќи се оштетени.

Грчките пожарникари се борат и со пожарите на Пелопонез и на островот Закинтос.