Балкан
24. September 2016 - 21:32

Грција бара од Фронтекс помош за обезбедување на границите со Македонија и Албанија

Грција побара од европската служба за контрола на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс да и помогне за обезбедување на границите со Македонија и Албанија, изјави шефот на европската гранична полиција, Фабрис Леџери во денешното интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Тој истакна дека моментно се водат преговори со Атина како да изгледа таа мисија и се разгледува варијантата службеници на Фронтекс да ги проверуваат документите на границата.

- Резултатите од преговорите зависат од тоа дали земјите од ЕУ ќе испратат доволно стручен кадар во Грција, нагласи Леџери.