Балкан
4. December 2015 - 15:05

Грција бара од ЕУ помош за граничната полиција

Грција апелираше до Европската унија итно да испрати припадници на пограничната полиција, кои би помогнале во контролата на нејзината поморска граница со Турција, пренесува Танјуг.

Исто така, Грција од ЕУ побара да испрати шатори, генератори и прва помош за пристигнувањето на бегалците, како и агенцијата на ЕУ за контрола на границите Фронтекс да помогне во регистрацијата на мигранти на границата на земјата со Македонија. 

- Се надеваме дека ќе забележиме конкретен, видлив напредок на терен, порача потпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас.