Бизнис
6. July 2015 - 16:07

Грчкото "охi" ги потопи берзите, клучниот збор ќе го има Европската централна банка

Што ќе значи реферндумското не –продолжување на преговорите или грегзит. Аналитичарите се поделени.

 Американскиот нобеловец Пол Кругман вели дека клучниот збор сега ќе го има Европската центрлна банка која треб ада одлучи дали ќе продолжи да дотура пари во Грција.

ЕЦБ го запре дотокот на пари минатата недела по што грчката центрлна банка одлучи да ги затвори банките на една недела. Сега се најавува отворање на банките за утре.

„Тоа значи дека грчката централна банка ќе треба да продолжи со нормално финансирање, ако нема сили да го прави тоа Грција ќе биде присилена да воведе нова валута. Ако не почнат да течат пари од ЕЦБ, Грците ќе исплаќаат пати и пензии во задолжници што де факто значи воведување паралелна валута. Заради ова грегзитот е најдобра од сите лоши опции за земјата“, анализира Кругман.

Европските аналитичари сметаат дека ЕЦБ ќе продолѓи со дотур на пари во грција, затоа што тоа е најмалку што може да направи во овој момент. Но, ограничувањата за подигање кеш ќе продолжат да важат.

„За луѓето да продолжат да вадат по 60 евра од банкомат, ЕЦБ мора уште денеска да го подигне својот систем. Во спротивно ограничувањето ќе падне на 20 евра“, вели аналитичар за ББЦ.

Грчкиот реферндум ги потопи берзите. Прв настрада азискиот пазар, ноќеска веднш по објавувањето на резулттаите индексите на сите берзи на истокот забележаа длабоки минуси. Европските берзи утрово тргнаа во црвено, а остар пад забележа и еврото во однос на доларот. Сепак, веста за оставката на Варуфакис влијаеше евровалутата да се стабилизира. Аналитичарите велат дека се уште е рано да се прогнозира како ќе реагира пазарот.

„Се зависи од состанокот на Еврогрупата утре каде ќе се одлучува за спасувачката програма за Грција како и од состанокот на ЕЦБ попладнево каде ќе се одлучува за судбината на грчките банки. Тоа значи дека многу информации се уште не се достапни до пазарот и затоа не може да с епрогнозира како ќе се движат работите“, вели берзански аналитичар за ББЦ.

Од состаноците најавени за деновите ќе се знае каков ќе биде исходот по грчкиот реферндум. Аначитичарите даваат рок до крајот на оваа недела за многу работи да станат појасни.