Македонија
21. February 2019 - 16:22

Грчкото МНР со упатства за користење на името согласно Договорот од Преспа

Грчкото МНР испрати писмо до институциите во кое грчките делегаци се предупредуваат веднаш да реагираат доколку забележат погрешна употреба  на името и терминологијата наведена во преспанскиот договор. Им се посочува да не потпишуваат документи и договори доколку во нив погрешно се користи името. Притоа се објаснува дека  во ниеден случај не смее да се употребува „македонска влада“ или „македонски министер“  туку на Северна МАкедонија, и дека тоа  важи  за приватните субјекти финансирани од државата.

Во упаствата на министерството за примена на преспанскиот договор се наведува дека правилната употреба за државјанството е „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, додека пак за регистарските таблички кратенката ќе биде НМ или НМК, а за останатите кодови за земјата остануваат кратенките МК и МКД, се вели во писмото на грчкото министерство.

Новото име  ќе фигурира во сите документи издадени по 12 февруари. Во  преодниот период до издавањето на новите патни исправи, при влезот и излезот од земјата на пасошите  ќе се става печат  со новото уставно име, се вели во упатствата.   Според грчката државна информативна агенција , во овој дел се очекува грчките власти да дадат посебни упатства.

И  додека грчките институции се навикнуваат на новото име на соседот, кој и официјално ќе стане нивни сојоузник во НАТО, екс министерот за одбрана Каменос вели дека Грција би можела во миг  да ја освои македонија .

Тие не се закана за нас! Скопје можеме да го покориме за 20 минути. Ако нашите тенкови одлучат да ја преминат границата, тие ке дојдат до Скопје, до границата на Србија.

Каменос во телевизиското интревју се уште смета дека Преспанскиот догвор е грешка, а неговиот творец Косијас предавник на грчките интереси.