Балкан
5. September 2015 - 8:51

Грчкото МНР со критики до Орбан

Извор од грчкото Министерство за надворешни работи ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини Грција за бегалската криза и ситуацијата на српско-унгарската граница.

- Никој не би очекувал такво однесување од шефот на една европска држава која од прва рака знае што значи наметнување на надворешна сила, криза и бегање, кога по советската инвазија во 1956 година унгарски политички бегалци тргнаа масовно кон Западна Европа, изјавил извор од грчкото МНР за државната агенција АНА МПА.

- Се прашувам, дали лидерот на оваа пријателска земја ја води кон патот на дефинирање на принципите на обединета Европа, како што се почитување на човековите права, плурализмот и солидарноста, рекол истиот извор.