-->
-->
Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота
-->
Атина ја испрати Вербалната нота до Скопје, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и на Грција. Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да ѝ предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.
Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломатскиот кор.
Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителката на должност во канцеларијата за врски на Р. Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.
На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, беа присутни голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик Панајотис Ригас, заменик-шефовите на грчката дипломатија Маркос Боларис и Теренс Куик, министерката за цивилна заштита Олга Геровасили, министерот за поморство Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот Парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација