Македонија
30. March 2018 - 18:54

Грчкото МНР демантира натписи во медиумите дека Скопје е подготвено за уставни промени

Кусо по завршувањето на средбата во Виена и изјавите на Метју Нимиц, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчкото МНР излезе со соопштение во кое демантира информација објавена во одредени грчки медиуми дека македонската страна наводно била подготвена да направи уставни промени, јави дописничката на МИА од Атина.

- Никаков дипломатски или друг грчки извор не рече дека скопската страна изјави дека е на располагање да направи одредени промени во Уставот на земјата. Конкретното споменување е намерна провокација од страна на секој медиум што ја пренесе конкретната информација, пишува во соопштението од грчкото МНР.