Македонија
6. August 2015 - 9:22

Грчко МНР: Нова демократија не може да ги интерпретира пораките од надворешната политика

Грчкото МНР синоќа ја обвини опозициската партија Нова демокатија дека не може да ги чита и интерпретира пораките во областа на надворешната политика.

Соопштението на Министерството е одговор на барањето на НД како Атина ќе реагира на „провокацијата од соседите“ во врска со учеството на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски на прославата на Илинден со Македонците од Канада каде одржува говор пред карта на Македонија до Олимп и Халкидики.

Претходно, грчкото МНР преку својот профил на Твитер напиша дека „рокот на траење на нус-производите од скопскиот иредентизам е одамна истечен“.

„Нивната употреба и неразумно конзумирање има опасни несакани ефекти“, се вели во пораката на грчкото МНР, која на својот Твитер профил ја сподели и министерот Никос Коѕиас.