Грчките земјоделци почнуваат дводневна блокада на Атина
Грчкиот главен град Атина денеска и утре ќе биде под блокада на земјоделците, како дел од нивниот протест против владините реформи во даночната политика и пензискиот систем.
Како што јавуваат грчките медиуми, најавите за блокада на Атина доаѓа во време на крајно затегнати односи меѓу земјоделците и грчката Влада, која соопшти дека нема да дозволи демонстрантите да влезат со трактори во главниот град и да парадираат низ централниот градски плоштад Синтагма.
Земјоделците за денес најавија организирање протестен митинг на Синтагма, кон кој ќе се приклучат и вработени од повеќе други сектори, вклучително и државните службеници,
Паралелно со овој собир, најавени се и митинзи и на лекарите, правниците и на други секторски професии на различни локации во Атина.
Земјоделците својот протест на Синтагма ќе го продолжат и утре, за кога на атинскиот плоштад Омонија е најавен митинг на комунистичкиот синдикат ПАМЕ.
За претпладнево е најавено и пристигнување на бродови со земјоделски производи од Крит во пристаништето Пиреја.
Паралелно со протестите во Атина, земјоделците и денеска ќе ги продолжат блокадите на граничните премини и на повеќе магистрални патни правци ширум Грција.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд