Балкан
23. December 2016 - 9:27

Грчките власти стравуваат од терористички напади

Имерсија - Атина

По обидот на терористи да активираат бомба пред Министерството за труд, грчките антитерористи стравуваат од голем напад. Според информацијата, грчката полиција е под висок степен на тревога и ги анализира сите сценарија за можно активности на терористи од новата генерација.

Во терористичките организации кои се активни или се во состојба на хибернација, но со големи капацитети, учествуваат млади луѓе. Тие располагаат со борбени средства кои можат да предизвикаат големи разурнувања, оружја, крадени автомобили и мотоцикли и дефинитивно со многу пари собрани од грабежи на банки.

Бомбата пред Министерството за труд, која на крајот не пукна, покажува дека терористите сакаат да го зголемат значањето на своите напади и дека тоа можат да го изведат. Полицијата верува дека „внуците“ на тероризмот сакаат да ги копираат своите „дедовци“ од организацијата „17 Ноември“, и начинот на кој таа делуваше во првите години. Властите сметаат дека новиот тероризам се стреми да добие народна поддршка со некаков симболичен напад.

- Покажуваат дека се многу смели и безобѕирни кон животот. Она што им недостасува е прифаќање од јавноста за нивната револуционерна дејност. Како што терористите од „17 Ноември“ започнаа со напади против американски цели и добија признание за нивните дејствија во првите години и нивните „наследници“ планираат да го сторат истото, вели искусен член на одделот за борба против тероризмот.

Точно е дека групите кои дејствуваат во Грција сакаат да „придобијат“ голем дел од населението. Сакаат да го искористат народното незадоволство од економската криза и безизлезноста во политичкиот систем и бараат дел која ќе ги направи познати.

Анализите покажуваат дека има четири главни цели на терористите.

Првата е можен напад врз претставник на меѓународните кредитори. Гневот на населението од постојаното воведување на мерки на штедење при секое доаѓање на „тројката“ кредитори во Атина е она кое ги тера терористите да смислат напад врз некои од нивните претставници. Таков напад би бил исклучително тежок за изведување, поради мерките за безедност кои се спроведуваат.

И покрај тоа, терорисичките групи можат да ризикуваат за да го изведат. Заради тоа, грчката полиција планира дополнителни мерки за безбедост, како околу хотелот „Хилтон“ каде се водат преговорите со Владата, така и на економските конференции и местата каде се движат претставниците на кредиторите.

Одделот за борба против тероризмот смета дека терориситте сакаат да го искористат незадовоството на граѓаните од кредиторите, како што го стори тоа „17 Ноември“ кога го уби претставникот на ЦИА во Атина, Ричард Велч.

Антитерористите не ја исклучуваат веројатноста да се подготвува напад и врз цел која е поврзана со економијата. Во секој случај, бомбата пред Министерството за труд која не експлодираше, оди токму во таа насока. Полицијата не ја исклучува веројатноста да биде извршен напад врз луѓе од економскиот сектор - министри, банкари, бизнисмени. Вниманието се конценрира воглавно врз можен бомбашки напад, кој ќе биде предупредување и без невини жртви што би ги спречило терористите во намерата да се здобијат со популарност.

Не е исклучен и напад врз претставници на судскиот систем. Во последно време, судскиот систем повторно е во фокус на вниманието заради важни пресуди, кој ги донесува и кој треба да ги донесе. Терористите може да решат да извршат напад врз судии со што би „допреле до душите на народот“.

Како четврта можност се проценува напад врз политичко лице. Тоа се смета за тешко изводливо, имајќи ги предвид строгите мерки за безбедност.

Бомбата пред Министерството за труд е последнот од серијата напади во псоледниве месеци. Антитерористите сметаат дека тенденцијата нема лесно да биде сопрена. Местото на нападот - центарот на Атина во близина на Парламентот, покажува дека терористите знаат што сакаат и како да го постигнат тоа. Бомбата е транспортирана во украден автомобил. Тоа се случило без никој да забележи. Терористите по телефон предупредиле за претстојната експлозија. Од камерите за набљудување во областа станува јасно дека терористите дејствуваат искусно и пријавуваат смелост.

На тој напад му претходеше фрлање рачна бомба пред предворјето на француската Амбасада, која се наоѓа точно наспроти Парламентот. Сето тоа покажува колку опасни напади можат да изведат терористите.

Новата серија терористички напади започна во средината на октомври минатата година, со експлозија пред домот на службеник во судскиот систем во центарот на Атина. Одговорноста тогаш ја презеде познатата група Заговор на огнените јадра, предупредувајќи за нови напади во рамките на т.н. „план за хаос“.

За фрлањето рачна бомба во француската Амбасада одговорност презеде Организацијата за револуционерна самозаштита. Во минатото таа организација изврши вооружени напади врз канцеларии на ПАСОК и Амбасадата на Мексико.

Нападот врз Министерството за труд, иако неуспешен, има заеднички елементи со нешто друго - од номеври 2015, пред зградата на Сојузот на грчките индустријалци, кога беше нанесена голема материјална штета. Тогаш одговорноста ја презеде Групата на народни борци. Истата група на почетокот на 2013 година таа изврши напад врз седиштето на Нова демократија.

Грчката полиција ги проверува информациите за неуапсени членови на терористичките организации. Се истражуваат и повеќе грабежи на стотици илјади евра за да се открие дали не се создава „револуционерна каса“.