-->
-->
Грчките власти одобрија 10.000 барања за азил
-->
Најмалку 10.000 бегалци, меѓу кои и две илјади малолетни лица, се очекува да останат во Грција во следните три години, откако им се одобрени барањата за азил.
Одобрените барања за азил изнесуваат околу една шестина од повеќе од 60.000 мигранти кои во моментов се заглавени во Грција, по минатогодишната одлука да се затвори балканската рута.
Пристигнувањето нови мигранти во Грција значително е забавено по договорот меѓу Европската унија и Турција во март минатата година. Сепак, на грчкиот брег од соседна Турција се уште пристигнуваат бегалци, а нивниот број се очекува да се зголеми со подобрувањето на временските услови.
Според грчката служба за азил, во јануари годинава барања за азил поднеле вкупно 1.912 мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење