Македонија
8. February 2019 - 16:37

Грчките пратеници гласаат по протоколот за прием на Македонија во НАТО

Грчкиот парламент денеска одлучува за ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Седницата започна со барањето на партиите  Златна Зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството  потребно за ратификување на документот  од  151 на 180 пратеници, или  во спротивно, според нив,  одлуката  би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава.  Барањето беше одбиено, а пратенците од Сириза потсетија дека   вакви прашања не беа покренувани кога се ратификуваа  протоколите  за пристапување на АЛбанија и Бугарија во НАТО .  Во текот на дебатата  пратенците на власта и опозицијата останаа на своите страи позиции за и против преспанскиот догвор. Од Нова демократија повторно се заканија дека ке го искористат правото на вето за македонските евроинтеграции.

Денеска за Грција се затвора еден историски циклус од 11 години, што почна со гордост, а завршува со капитулација. Интеграцијата во НАТО е првиот опиплив и конкретен позитивен резултат од договорот за Скопје. Со право слават. Со право слават, кога обезбедија признавање од вас на македонски јазик и идентитет, а сега обезбедуваат и членство во НАТО. Следи и процесот за отворање преговори за Европската унија, каде што како што кажа и Мицотакис ние нема да го напуштиме правото за вето.

Поранешниот престедател на Пасок Венизелос од говорницата ПОСОЧИ  дека ваквите закани се неодржливи. Тој објасни  дека Грција согласно преспанскиот договор нема да може да стави вето интегрирање на земјата во ЕУ, под новото име.

Процесот на употребата на името Северна Македонија ке биде долг во соседната земја. Ерга омнес одредбата , со која се фалиме не постои, бидејки очигледно е дека не се однесува и на внатрешната употреба. Иплементацијата на новото име ке биде постепена и ке зависи од отворањето на преговарачките поглавја со Европската Унија во одредените сектори.

За независниот пратеник Данелис, чиј глас беше еден од клучните за изгласување на  преспанскиот догвор, ратификацијата на протоколот е ОЧЕКУВАН чекор .

Со  догворот од Преспа затворивме спор стар 30 тина години. Сега билатералните односи со нашиот сосед ги поставивме врз нова основа. Ја унапредивме нашата улога на Балканот , Европската Унија и во светот. Денеска дојде ред да се усвои и протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО.

За ратификација на протоколот ке се гласа  поединечно, како што беше случај и со галсањето за преспанскиот догвор. Грчките медиуми прогнозираат дека тој ке биде ратификуван со мнозинство од  153 пратеници.