Грчките медиуми за средбата Попоски - Коѕиас
Сите грчки медиуми опширно јавуваат за вчерашната посета на македонсиот министер за надворешни работи Никола Попоски на Атина и неговата средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јави дописникот на МИА.
Во извештаите, кои се без коментар, се потенцира изјавата на Попоски дека во однос на спорот за името двете земји имаат планини да надминат, и коментарот на Коѕиас дека се бара „чесен компромис, кој ќе биде во спротивност со иредентизмот и екстремниот национализам и ќе и помогне на идната перспектива на двете страни“.
Заклучок на речиси сите медиуми е дека од Атина се испратени пораки за зголемување на довербата меѓу двете земји и оти двајцата министри ветиле дека билатералните посети ќе продолжат и во иднина.
- Средбата се одржа во многу пријателска атмосфера. И покрај тоа што решението на прашањето за името останува да се бара во рамките на ОН, двете страни ја потврдија заедничката волја тоа да не биде пречка за добра соработка меѓу двете земји на многу полиња, пишуваат грчките медиуми.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево