Македонија
12. March 2019 - 16:15

Грчкитe медиуми најавуваат размена на споменици помеѓу Скопје и Атина, властите демантираат дека преговарале

Споменик от Воин на коњ да се замени со атинската скулптура Тркач.Оваа информација ги запали грчките медиуми. Владите во Атина, но и  во Скопје веднаш ја демантираа веста.

Сепак дека  разговор за размена на спомениците се водел во грчкото министерство за култура,  потврди авторот на атинскиот споменик, Костас Вароцос. Тој вели  дека пред три дена се сретнал со министерката за култура на Грција, која му предложила , во духот на преспанскиот догвор, неговиот Тркач да биде заменет со Воинот, но Вароцос  одбил. За грчките медиуми тврди  дека е навреден не само од предлогот , туку  и од лагите на  министерката која сега негира дека воопшто зборувала со него.

Свој став има и авторката на Воинот на коњ , Валентина Стевановска. На телефон објасни дека досега никој не ја  контактирал со сличен предлог, но доколку тоа сепка  се случи таа има подготвена да одговори.

За одговори беа подготвени и граганите кои денеска ги затекнавме на плоштадот Македонија.

Грчките медими деновиве пренесуваат дека ваквата   евентуална  размена на спомениците би се остварила во   во духот на преспанскиот догвор и добросоедството.