Македонија
18. July 2018 - 19:14

Грчките компании масовно ќе го заштитуваат терминот „Македонија“ во името на своите производи

Претседателот на здружението на индустрии од северна грција ги повикува компаниите кои во своето име или име на производ го содржат терминот „Македонија“ по брза постапка да го заштитат за да не се соочат со проблеми по Преспанскиот договор. Вакви компании се повеќе од 4000 во Грција, а само 24 со ознака за потекло или име со термин „Македонија“ се заведени во европскиот регистар Аликанте Шпанија, а две компании со седиште во Скопје веќе го регистрирале името „Македонија“ . Ниту една пак  од фирмите , не е дел  од Глобалниот регистар во Женева. Со договорот за името, компаниите за своите комерцијални цели ќе треба да се погрижат сами. До сега од Македонија процесуирани се барања на  4 производи и тоа поради земја на потекло на производот. Адвокатот Валентин Пепељугоски кој има најголемо искуство со трговски предмети и интелектуална сопственост, вели дека договорот предвидува меѓународни експерти од следната година да утврдат како и на кој начин ќе бидат регулирани деталите за   домашните и грчките брендови.

– Треба да поднесат барања за заштита на трговската марка доколу имаат комерцијален интерес за тоа. Со потпишувањето на спогодбата член 1 став 3 x, се предвидува утврдување на комерцијални имиња и логоаи двете страни се обврзанида отпочнат преговори со меѓународни експерти за стандардизација согласно меѓународното право. Нашите компании се малку инертни , Она што јас го знам е дека Грција е членка на ЕУ и тие веќе со национална заштита на трговските марки добиваат статус заштитени трговски марки . Системот на мадридскиот договор предвидува различни видови права на индустриска сопственост – трговска марка и ознака на потекло географска ознака . Грците пишуваат дека ние имаме веќе за 4 лисабонски договор, Македонски ајвар, кочански ориз, кривопаланечки мед и дисан вино како грозје од определен вински регион. Грците за среќа не го користат овој договор и немаат регистрирано потекло .

Адвокатот смета дека за среќа од Македонија во рамки на храна и пијалоци компаниите се добро позиционирани во регионот и ЕУ и  вели дека истите и до сега ги заштитувале своите трговски марки. Договорот од Преспа во однос на брендовите ќе биде домашна задача за помалите компании.

„Има одредени специфики кои не им се познати на компаниите поготово ознаките на потекло. Со одлука на државниот завод за индустриска сопственост и министерството за земјоделие с... Ние постојано поднесуваме барања до Министерството за Правда кое е надлежно ,доколку во називот на трговската марка се содржи „Македонија“ име, кратенка на држава, и за тоа  мора да се добие согласност од надлежниот орган. Фирмите ќе опстануваат но тоа е едно од прашањата кои ќе треба да се репаваат во иднина . Ќе треба да се користат добрите деловни пракси да не се прават злоупотреби со цел  да се заведуваат потрошувачите да мислат дека нешто е по потекло од Северна РМ а всушност е од грчката провинција  Македонија. Не очекувам да се сменат тоа се комерцијални имиња . Но тоа е одлука на секоја од компаниите, кои сами  треба да видат дали ќе има добивка или загуба.  Повеќе губат оние кои се помалку јаки. “

Додека во Македонија, ретко кој размислува за ова прашање,  во Грција, претседателот на здружението на индустрии на Северна Грција нуди бесплатна правна помош,ги потикнува компаниите кои пак регистрацијата би ги чинела од 2000 до 8000 евра.