Македонија
18. January 2019 - 17:07

Грчкиот премиер Ципрас се подготвува за ратификација на Договорот од Преспа

По изгласаната доверба за грчката Влада, на ред е ратификацијата на Преспанскиот догвор. Според најавите, договорот прво ке помине низ надлежните собраниски  комисии, а потоа ќе се дебатира и гласа во парламентот. За тоа колку ке трае процедурата и низ колку комисии ке помине документот ке реши во понеделник спикерот со потпрестедателите на парламентот.  Претходно Вуцис најави дека догворот кој  ке се гласа на почетокот на наредната недела, треба да има поддршка од 151 пратеник за да има мок и сила внатре  во земејата, но и на мегунарден план. Ефемерида пренесува дека Ципрас досега обезбедил  152  односно 153 гласа, со помош на дел од пратенците на Потами и Движењето за промени. 

Грчкиот премиер побара поддршка и од јавноста за прспанскиот догвор. За таа цел се испечатени  десетици илјади примероци на тесктот, кои ке бидат дистрибуирани со неделните весници.  Владата инсистира дека јавноста мора да биде информирана за содржината на догворот пред дебата во Парламентот.

Ципрас побара и тв дуел со лидерот на опозицијата за македонското прашање, но  Мицотакис ја одби неговата понуда. Од опозиционата партија соопштоја  дека нема потреба од дебата туку од нови избори. На Ципрас му порачаа да дебатира со неговиот поранешен коалиционен партнер Каменос ако веке толку сака да расправа за Преспанскиот догвор.

Нова демократија посочува дека со  Договор се  признава македонскиот јазик и идентитет, отстапки  со кои се погазува  грчкиот нациоаналем интерес.

По ратификацијата на преспанскиот догвор, грчките пратеници ке треба да гласаат и за протоколот за членство во НАТО.

Ципрас е свесен за потребата од итна ратификација и на препснаската спогодба и на протоколот, бидејќи тоа се бара од макеоднска страна, односно со уставниот амандама кој беше поднесен  од 8темнина независни пратеници се предвидува безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа доколку Грција веднаш  не го ратификува двата документа.