Грчкиот парламент го поддржа предлогот на кредиторите
Грчкиот парламент поддржа предлог закон за итни мерки за водење преговори и склучување договор со Европскиот стабилизациски механизам. За предложените мерки гласаа 229 пратеници, 64 беа против и шест - воздржани.
Владејачката Сириза го одобри Законот благодарение на проевропските опозициски партии додека неколку пратеници од владејачката коалиција меѓу кои и доскорешниот министер зафинансии Јанис Варуфакис гласаа против. Против беа Комунистичката партија и десничарската Златна зора.
Пратениците гласаа за документот поединечно на пленарна седница на парламентот.
Локални медиуми јавуваат дека меѓу оние кои биле против се и министерот за енергетика Панајотис Лафазанис од Сириза, заменикот министер за финансии Надја Валавани и првиот заменик министер за здравство Димитрис Стратулис и првиот заменик на министерот за одбрана Костас Исихос.
Против гласаа околу 30 членови на Сириза, а неколкумина беа и воздржани.
Премиерот Алексис Ципрас нагласи во парламентот дека не се согласува со тој договор, но државата немала друг избор доколку сака да остане во еврозоната.
- Нема да се откажеме од ветувањето до крај да се бориме за правата на работниците. Нема друг начин освен сите да поделиме товар на таа одговорност, наведе Ципрас.
Претседавачот со Еврогрупата Јерун Дијселблум потврди дека денеска ќе има телефонска конференција на министрите за финансии на еврозоната за да се утврди дали Грција ги усвоила сите мерки кои кредиторите ги барале за отпочнување преговори за третиот пакет помош.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште