Грчкиот Парламент го одобри новиот пакет реформи
Грчкиот Парламент минатата ноќ одобри неколку предлог-закони од пакетот реформи, што Грција треба да ги спроведе како услов за исплата на нова транша од помошта од меѓународните кредитори.
Усвојувањето на реформите доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за финансии на еврозоната в понеделник, на која треба да биде донесена одлука за исплата на нова транша од програмата за спас во износ од две милијарди евра.
Грција се обврза дека ќе спроведе серија реформи, како услов за исплата на помош во износ од 86 милијарди евра, која беше договорена на почетокот на летото.
За усвојувањето на реформскиот пакет закони се изјаснија големо мнозинство од членовите во Парламентот.
Со реформите се предвидуваат промени во пензискиот систем, се утврдуваат правила за енергетска ефикасност во согласност со нормите на ЕУ, се надминуваат пречките за приватизација на најголемото грчко пристаниште во Пиреја и се укинуваат даночите олеснувања за земјоделците.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани