Грчкиот Парламент го одобри буџетот за 2020 година
По петдневна расправа што траеше околу 50 часа, грчкиот Парламент синоќа го одобри буџетот за 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Новиот државен буџет, доби 158 гласа „за“, а 139 пратеници беа „против“, додека пак буџетот за Министерството за одбрана беше изгласан со широко мнозинство и поддршка од 250 пратеници, а меѓу нив и од опозициските партии СИРИЗА и Грчко решение.
За време на петдневната расправа збор зедоа 224 пратеници од сите партии, 34 претставници на Владата, како и лидерите на политичките партии.
На гласањето му претходеше обраќање на претседателите на партиите, како и на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис, кој најави намалување за осум отсто на специјалниот данок за сопственост на недвижен имот и рече дека првиот буџет на владата на Нова демократија, едноставно, во бројки ја илустрира политиката за која добија доверба од грчкиот народ. Ги спомена трите централни приоритети: намалување на даноците, нови работни места и враќање на чувството на безбедност и паралелно, а говореше и за буџетските цели.
– Растот ќе достигне 2,8 отсто до крајот на 2020 година. Ова, во пракса значи дека БДП ќе достигне 200 милијарди евра, додека во однос на вработувањата, наша цел е да имаме 100.000 помалку невработени лица во следната година. А, тоа не е нешто што го кажуваме ние. Не е нешто што го кажува буџетот на оваа Влада. Специјализираната агенција за работна сила „Менпауер“ (Manpower) предвидува дека Грција во првиот квартал на 2020 година ќе има најголема побарувачка за работа меѓу 43 земји. Во наши раце е оваа оптимистичка проценка да ја спроведеме во пракса, рече Мицотакис во неговиот говор во грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште