Балкан
6. December 2015 - 9:20

Грчкиот парламент го одобри буџетот за 2016 година

Грчкиот парламент рано утринава го усвои буџетот за 2016 година, пренесува БТА..

Прдлог-буџетот на министерот за финансии Евклидис Цакалотос доби 153 гласа „за" наспроти 145 гласа „против", додека двајца пратеници од 300-члениот парламент беа отсутни.

Буџетот предвидува над пет милијарди евра намалување на трошоците и околу две милијарди евра од повисоки даноци, со цел да се задоволат барањата на меѓународните кредитори.

Владата на премиерот Алексис Ципрас предвидува нула економски раст оваа година и 0,7 отсто во 2016 година. Претходно предвидуваше пад од 2,3, односно 1,3 проценти.

Ципрас пред парламентот изјави  дека растот ќе продолжи во втората половина на 2016 година и оцени дека една силна туристичка сезона би помогнала да се избегне рецесија.

И покрај намалувањето на трошоците, се очекува долгот  да порасне до 327,6 милијарди евра или 187,8 проценти од бруто домашниот производ во однос на 180,2 проценти во 2015 година.