Грчкиот Парламент ги одобри предлозите на Владата кон кредиторите
Грчкиот Парламент ги одобри предлозите на Владата кон кредиторите и го ополномошти кабинетот да ги искористи тие предлози како основа за преговорите за склучување на спогодбата за третата кредитна програма, која ќе трае три години.
Гласањето се одржа по дебатите на седницата посветена на владниот нацрт-закон „Преговори и склучување на кредитна спогодба со Европскиот стабилизациски механизам“.
Повеќе членови на владејачката партија СИРИЗА, меѓу кои и претседателката на Парламентот Зои Констандополу и министерот за енергетика Панајотис Лафанзис беа воздржани. Десет членови на СИРИЗА одбија да го поддржат предлогот на Владата, при што повеќето од нив беа воздржани, а двајца гласаа „против“.
Констандополу изјави дека ќе се се воздржи „за да ја одбие уцената од страна на Европа“.
Лафанзис, кој е лидер на левото крило во СИРИЗА изјави дека ја поддржува Владата, но оти не ја одобрува „програмата со строги економски мерки, либерални антиреформи и приватизација“.
И покрај ова немаше опасност од отфрлање на владиниот предлог, бидејќи тој беше поддржан од опозициските партии Нова демократија, Потами и ПАСОК. Против беа Грчката комунистичка партија и крајната десница „Златна зора“.
Вкупно 251 пратеник во 300-члениот Парламентот го поддржаа владиниот предлог, 32 пратеници гласаа „против“, а осум беа воздржани. Од седницата отсустуваа девет пратеници, меѓу кои и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис.
По завршувањето на гласањето премиерот Алексис Ципрас изјави дека добил „силен мандат за завршување на преговорите за постигнување економски издржлива и социјално праведна спогодба“.
Тој не даде коментар за членовите на СИРИЗА кои одбија да ги поддржат мерките, но истакна дека во моментот е фокусиран на завршувањето на преговорите.
- Приоритет сега е да има позитивен резултат од преговорите. Се друго ќе дојде во свое време, додаде грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме