Балкан
13. March 2017 - 8:56

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска и утре во посета на Вашингтон

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска и утре ќе претстојува во посета на Вашингтон, за време на која тој ќе има средби со американскиот колега Рекс Тилерсон и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател генерал Херберт Макмастер, пишува весникот „Нафтемборики“.

Првиот грчки дипломат ќе се сретне со претставници на американската администрација, на конгресот, на академската заедница, а исто така и на организации на американските Грци.