Македонија
21. May 2019 - 16:38

Грчки воени авиони прв пат патролираа на македонското небо

Два грчки авиона од типот ф-16 , со дозвола на македонски власти, утринава за првпат  го надлетаа нашето небо. Прелетите се извршени во рамите на НАТО мисијата Еар полисинг. Целта беше проверка на комуникациите и радарската покриеност на македонскиот воздушен  простор. Ова е дел од подготовките  на македонските воени сили пред пред нивно полноправното интегрирање во АЛијансата.

ЕАР полисингот е вообичаена пракса во НАТО сојузот за земјите членки кои немаат свои воздухопловни сили.  Таков е примерот со  Албанија и Црна Гора, каде небото го чуваат италијанските и грчки авиони. Во случајот на нашиот воздушен простор  логичен избор на  Грција, вели професорот Дујовски.

Воздушната полиција  според  политиката на НАТО не е одговор на специфична закана, туку престваува редовна заштита на воздушниот суверенитет на змејите членки на АЛијансата