Додека лустерите се нишаа, а верниците тропаа по столиците, попот со „пантерски скок“ се појави од зад олтарот, а потоа почна да им дели ловорови листови на присутните верници.
Вака во црквата на грчкиот остров Хиос се прослави Велигден, каде попот Христофорос на несекојдневен начин го објави воскресението Христово.
Овој свештеник секој Велигден е вистински хит во Грција, а кој знае можно е и оваа години токму тој да ги зачуди верниците појавувајќи се на тротинет.