-->
-->
Грчки полицаец со службеното оружје извршил 11 кражби во Атина
-->
Рано утрово, откако извршил кражби на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, бил уапсен грчки полицаец, кој со службеното оружје стои зад девет други грабежи, во текот на декември минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчката полиција, 29 годишниот полицаец стои зад вкупно 11 кражби, од кои 10 на бензински пумпи и еден на трафика, во четири различни атински населби.
Најголем број од грабежите ги извршил во текот на декември мината година, кога од осум бензински и една трафика одзел вкупно 4400 евра.
Полицаецот, ќе одговара за кражби и прекршување на законот за оружје, ќе биде изведен пред јавен обвинител и е привремено отстранет од службата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Откажана средбата на угостителите и Владата
-
СДСМ: Мицковски да прекине да работи против својот народ и својата држава
-
Германија препорачува вакцината на АстраЗенека да се дава само на помлади од 65 години
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието
-
Вучиќ: Србија договорила набавка на 6,5 милиони вакцини, но не може сите да ги добие
-
Коалицијата Алијанса/Алтерантива ја напушти седницата за пратенички прашања
-
Јавниот долг на Хрватска се зголеми на 86,4 проценти од БДП
-
Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти