-->
-->
Грчки полицаец со службеното оружје извршил 11 кражби во Атина
-->
Рано утрово, откако извршил кражби на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, бил уапсен грчки полицаец, кој со службеното оружје стои зад девет други грабежи, во текот на декември минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчката полиција, 29 годишниот полицаец стои зад вкупно 11 кражби, од кои 10 на бензински пумпи и еден на трафика, во четири различни атински населби.
Најголем број од грабежите ги извршил во текот на декември мината година, кога од осум бензински и една трафика одзел вкупно 4400 евра.
Полицаецот, ќе одговара за кражби и прекршување на законот за оружје, ќе биде изведен пред јавен обвинител и е привремено отстранет од службата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за шестмина приведени за марихуаната вредна 800.000 евра
-
Лишен од слобода скопјанец кој со „ауди“ превезувал 10 мигранти
-
46 починати и 687 нови случаи на Ковид-19
-
Еден месец притвор за приведените во акцијата во која беа запленети 200 килограми марихуана
-
Шведската полиција со предупредување за предизвик наречен – „допирање“ на ТикТок
-
Жена од Велес нова жртва на коронавирусот
-
Борисов: Бугарија ќе има колективен имунитет во мај
-
Кина разгледува опции за мешање и промена на начинот на примање дози на вакцини