-->
-->
Грчки полицаец со службеното оружје извршил 11 кражби во Атина
-->
Рано утрово, откако извршил кражби на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, бил уапсен грчки полицаец, кој со службеното оружје стои зад девет други грабежи, во текот на декември минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчката полиција, 29 годишниот полицаец стои зад вкупно 11 кражби, од кои 10 на бензински пумпи и еден на трафика, во четири различни атински населби.
Најголем број од грабежите ги извршил во текот на декември мината година, кога од осум бензински и една трафика одзел вкупно 4400 евра.
Полицаецот, ќе одговара за кражби и прекршување на законот за оружје, ќе биде изведен пред јавен обвинител и е привремено отстранет од службата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како е откриена британската мутација на Ковид во земјава?
-
Премиерот и министрите ќе одговараат на пратенички прашања
-
Транспаренси: Македонија историски најлошо рангирана според индексот на корупција
-
Матурантите продолжуваат со бојкот на наставата, се жалат на притисоци и закани
-
„Мој труд – мои права“ нова кампања за подигнување на свеста за работничките права
-
Светската здравствена организација информира дека бројот на земји во кој е откриен новиот вид на коронавирус од Британија се зголемил на 70%
-
Британската мутација на вирусот потврдена во Македонија
-
Сведоштво на девојка жртва од групата „Јавна соба“