Македонија
14. January 2018 - 14:20

Грчки медиум: Заев и Ципрас ќе се сретнат на 24. јануари во Давос

Во рамките на Светскиот економски форум што од 23. до 26. јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, македонскиот и грчкиот премиер – Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе одржат билатерална средба, тврди онлајн изданието на грчкиот весник Real.

„Алексис Ципрас ќе се сретне со премиерот на Скопје, Зоран Заев на 24 јануари, факт што ги потврдува информациите дека за време на средбата Коѕијас – Димтров во Солун, постоеше голем напредок. Според истите проверени информации и независно од тоа што се уште не постојат соопштенија, во швајцарското одморалиште, истиот ден ќе пристигнат и министрите за надворешни работи на двете земји“, пишува real.gr.