Балкан
30. November 2017 - 11:11

Грчката влада почна да транспортира мигранти од Лезбос до Атина

Грчките власти почнаа да транспортираат мигранти од кампот Мориа на островот Лезбос до атинското пристаниште Пиреа.

Првично, околу 260 мигранти и бегалци од разни националности биле пренесени со фериброд од пристаништето Митилини на Лезбос до Пиреа. Министерот задолжен за мигранти Јаниз Музалас изјави за грчката агенциа АНА - МПА дека овие активности ќе се интенизивираат со цел да се растеретат преполните грчки острови и мигрантите да се сместат во кампови во континентална Грциа.

Планот предвидува околу 3.000 мигранти од Лезбос да бидат префрлени во Пиреа, и оттаму во повеќе кампови. На островот има околу 8.000 мигранти, сместени во камп првично предвиден за 1.500 луѓе. На другите грчки острови во близина на Турција има уште околу 7.000 мигранти. Поради пренатрупаноста на кампот, локалните власти и жители на Лезбос неодамна почнаа штрајк против владата на Алексис Ципрас. Во екот на мигрантската криза во 2015 и 2016 година, Грција забрзано ги пренесуваше пристигнатите бегалци и мигранти од островите до Пиреа, но по затворањето на македонско-грчката граница, оваа пракса се напушти, со цел да се обесхрабрат новите пристигнувања на мигранти.