Грчката Влада одобри богослужбите во црквите да бидат зад затворени врати
Со заедничка одлука на министрите за образование и религија и здравство, сите религиозни објекти во Грција ќе бидат затворени за јавноста, но дозволени се литургии зад затворени врати, во периодот од 12 до 20 април 2020 година.
Согласно одлуката, богослужбите пред и за Велигден во црквите во Грција ќе се одржат без присуство на верници, но со можност да се пренесуваат во живо на радијата, телевизиите или преку интернет.
Со одлуката на надлежните министри во рамките на превентивните мерки за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на коронавирусот, се забрануваат „присуство на јавноста, богослужби, ритуалите и сите видови верски церемонии во сите верски објекти“, во целата држава, без разлика на религијата, големината и капацитетот.
Додека пак, дозволени се богослужби зад затворени врати, исклучиво религиозно лице и помошници, чија бројка не смее да биде над четири лица.
Истото важи и за манастирите, забранети се индивидуални или групни посети, но дозволени се богослужби без присуство на јавноста.
Со синоќешната одлука, грчката влада всушност го прифати и одобри предлогот на Светиот синод на Грчката Православна црква од минатата седмица свечените литургии за време на седмицата пред Велигден да се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак