Грчката Влада ќе постави звучници на границата со Македонија
Грчката Влада соопшти дека ќе постави звучници на границата со Македонија со цел да ги убедува илјадниците бегалци и мигранти, кои се наоѓаат таму да ги игнорираат гласините дека балканската маршрута кон Централна Европа повторно ќе биде отворена, пренесува БТА.
Над 15 илјади лица или една третина од сите блокирани мигранти во Грција, одбиваат да се преместат во центрите кои ги подготвила Владата и стојат на границата со Македонија и на пристаништето Пиреја, во близина на Атина.
Портпаролот на Канцеларијата за координирање на миграциската политика Јоргос Кирицис изјави дека властите се мачат да се изборат со лажните гласини на социјалните мрежи дека границите повторно можат да бидат отворени.
- Луѓето, кои се под тензија и живеат во тешки услови добиваат лажни соопштенија...кога луѓето се очајни гласините се шират како шумски пожар, рече Кирицис за државната телевизија.
- Ние испраќаме тимови преведувачи на границата и ќе бидат поставени звучници, преку кои ќе се објавуваат јавни соопштенија, додаде тој.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.