Грчката Влада го поздрави предлогот на ЕК за „Фондот за закрепнување“ во висина од 750 милијарди евра
Го поздравуваме храбриот предлог на Европската комисија за пакетот од 750 милијарди евра, главно во форма на грантови финансирани преку заедничко издавање на долг, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот „Твитер“ профил коментирајќи го предлогот на ЕК за „Фондот за закрепнување“, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас рече дека предлогот ги исполнува четирите предуслови поставени од Грција за „Фондот за закрепнување“: да биде голем и амбициозен, да е флексибилен, да се базира повеќе на грантови, а помалку на заеми и да се финансира од заеднички европски заем.
-Грција е од земјите што ќе има повеќе корист од предлозите на Европската комисија, бидејќи засилениот „финансиски пакет“ што ѝ следи, од десетици милијарди евра го отсликува нејзиниот засилен кредибилитет, вели Пецас и додава дека Владата ќе го искористи пакетот за динамично рестартирање на економијата во корист на сите Грци, „со претпазливост и одговорност, нема да го потрошиме, туку ќе го инвестираме за да ја трансформираме Грција “.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та