Балкан
25. February 2016 - 21:51

Грчката полиција заплени 200 кг албанска марихуана

Грчката полиција уапсила албански државјанин, кај кого пронашла 200 килограми марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Албанскиот државјанин (40) чиј идентитет не се наведува бил фатен кај Коница, во моментот додека со автомобил ја транспортирал дрогата, пакувана во 131 пакетче, пишува електронското издание на весникот „Шекули“.

Дрогата, произведена во Албанија, била ставена во задниот дел од автомобилот. Крајната дестинација била Атина.

Полицијата трага по друг албански државјанин,сопственик на автомобилот.