Балкан
17. August 2016 - 11:47

Грчката крајбрежна стража спаси 59 мигранти кај Кос

Грчката крајбрежна стража соопшти дека денеска спасила 59 мигранти во гумен чамец во сурови временски услови во Егејското Море.

Мигрантите биле спасени во близина на островот Кос од страна на два патролни чамци.

Според Координативното тело за справување со бегласката криза, во Грција во изминатите 24 часа пристигнале 147 нови мигранти и бегалци.