Македонија
7. August 2017 - 11:15

Грчката крајбрежна стража спаси 128 мигранти

Грчката крајбрежна стража спасила 54 мигранти и бегалци од гумени чамци во источниот дел на Егејското Море.

Во друга операција, биле спасени 74 мигранти и бегалци од гумен чамец во близина на островот Хиос.

Европската комисија минатиот месец одвои повеќе од 200 милиони евра за да и помогне на Грција да се справи со приливот на десетици илјади мигранти и бегалци, потсетуваат грчките медиуми.