-->
-->
Грчка полиција: Околу 60 илјади граѓани учествуваат на протестот
-->
На протестот пред грчкиот Парламент, што е во тек и на кој има судири меѓу маскирани лица, веројатно припадници на екстремно десничарски групи и полицијата, од 14 часот учествувале околу 60 илкади лица, соопшти грчката полиција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во главниот грчки град пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција.
Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.
Тие со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари