Балкан
20. January 2019 - 15:39

Грчка полиција: Околу 60 илјади граѓани учествуваат на протестот

На  протестот пред грчкиот Парламент, што е во тек и на кој има судири меѓу маскирани лица, веројатно припадници на екстремно десничарски групи и полицијата, од 14 часот учествувале околу 60 илкади лица, соопшти грчката полиција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во главниот грчки град пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција.

Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.

Тие со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.