Македонија
16. October 2015 - 20:24

Грантови од над 15.000 евра за инвалидизираните лица да почнат сопствен бизнис

Владата, преку Агенцијата за вработување, на оглас нуди неповратни средства за отварање бизнис од страна на лица со инвалидитет чија висина може да надмине 15 илјади евра.

На огласот може да аплицираат сите невработени инвалидни лица кои ќе се евидентираат во АВРМ и ќе аплицираат на огласот.

При тоа, државата им нуди експертска и финансиска поддршка за отварање и водење на бизнис преку низа мерки.

За самовработување се даваат неповратни 310 илјади денари за набавка на опрема и репроматеријали. Доколку основачот на бизнисот реши да вработи уште едно лице ќе добие уште 92 000 денари за опрема и материјал и уште толку за вработување на второ лице.

За сите вработени, при тоа може да се добијат ослободувања од придонеси мерки проектот Македонија вработува.

По истекот на девет месеци од отварањето на бизнисот,оснивачот може да побара неповратни средства од од Посебниот фонд согласно Законот за вработување на лица со инвалидност. Преку него, зависно од степенот на инвалидност, може да добие од 20 до 40 просечни плати во непворатни средства или од 420 илјади до 840 илјади денари.

Со тоа вкупната поддршка надминува 15 илјади евра, а може да достигне и до максимални 21 илјада.