Границите на САД остануваат затворени поради Ковид-19
Американските граници засега остануваат затворени за меѓународните патници, без оглед дали се вакцинирани или тестирани за коронавирус, соопшти Белата куќа.
– Во оваа фаза важат постојните ограничувања за патување, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, додавајќи дека одлука е поради брзото ширење на делта сојот во САД и во странство.
САД од март 2020 години ги затвори границите и одлуката ќе биде во сила се додека земјите-членки на ЕУ не одлучат да ги отворат своите граници за Американците, под услов да бидат вакцинирани против Ковид-19 или да имаат негативен тест, патниците кои доаѓаат од шенген зоната, од Велика Британија и од Ирска нема да можат да влезат во земјата.
Канада одлучи да ги отвори своите граници на 9 август за американски граѓани и постојани жители на САД кои се целосно вакцинирани. Но, дури и во овој случај, мерката не доведе до реципрочна акција на американските власти.
Вашингтон на почетокот на јуни најави формирање работна група со Канада, Мексико, ЕУ и Велика Британија за решавање на прашањето за меѓународните патувања, сугерирајќи дека може да има олеснување на ограничувањата. Но, не само што тоа не се случи, туку и САД ги зголемија предупредувањата до Американците кои сакаат да патуваат во странство.
Пред една недела, Центрот за контрола и превенција на болести ги советуваше Американците да не патуваат во Велика Британија, а на листата дестинации што треба да се избегнуваат вчера беа додадени Португалија и Шпанија. Американските власти им препорачуваат на патниците да бидат целосно вакцинирани пред да заминат, а истовремено ги предупредуваат дека ризикуваат при посета на овие земји.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори