Македонија
20. July 2019 - 19:41

Граничарите им носеа вода на патниците кои со часови чекаа за влез во Грција

Колони од возила на граничниот премин Богородица Евзони, МВР им дели вода на патниците кои на високите температури  чекаат во граничниот простор.  Сите патници кои во текот на денот  поради зголемената фрекфенција се најдоа во меѓупросторот помеѓу двете граници од страна на полициските службеници од граничниот премин Богородица добиваа шишиња со вода за пиење.

Од утрово фрекфенцијата на најголемиот граничниот премин со Грција значително е зголемена , а во еден период дојде и целосно спојување на  двата премини од возилата кои го исполнија граничниот меѓупростор..

 Од МВР информираа дека во делот на македонска страна нема застој и поминувањето на границата е без проблеми,а максималното време за минување било петнаесетина минути, но се создавал застој на грчка страна поради што дошло и до подолги колони.

Подобрените временски услови и шпицот на туристичката сезона се главната причина за зголемената фрекфенција во текот на овој ден.  Само до 13 часот биле регистрирани 13.000 патници кои оствариле влез во Грција што е за околу 40%  повеќе во однос на претходните викенди.Поголемиот дел, односно околу 8000 се македонски државјани, а останатите патници се странци од кои најмногу Срби.