Македонија
1. August 2015 - 14:49

Граната од Прва светска војна пронајдена во Прилеп

Неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, пронајдена е вчера при изведување градежни работи во близина на црквата „Свeто Преображение“ во Прилеп.

Како што соопшти МВР, гранатата била подигната од страна на Дирекција за заштита и спасување.