Македонија
11. September 2017 - 17:41

Граѓански здруженија бараат итни чекори за подобрување на состојбата со животната средина

Повеќе граѓански иницијативи и здруженија денеска побараа од Владата на РМ итни чекори за подобрување на состојбата со животната средина во РМ со акцент на загадениот воздух и почва. 

Со оглед на хронично алармантно висока загаденост на воздухот во Република Македонија, здруженијата бараат итни подобрувања на квалитетот на воздухот и на почвата, чие влијание е врзано за квалитетот на воздухот. Тие бараат целосно ревидирање на легислативата поврзана со животната средина, нејзино усогласување, елиминирање на спротивставени одредби во други закони и утврдување на потреби од суштински дополнувања, измени, воведување нова легислатива.
 
Како критични извори за загадување здруженијата ги наведоа Ремедијација на ОХИС - Скопје и Топилница Велес како најризични од 16 индустриски жешки точки и започнување продолжување на процесот кај останатите до комплетна санација. Усогласување на оперативниот план на РЕК Битола за А-ИСКЗ, филтри и затворен систем на отпрашување. Побараа дислокација на загадувачката индустрија надвор од населените места, минимум 10 километри вон границите. Дислокација на фирмите за отпад вон населените места. Раскинување на постојните договори за концесии и запирање на отворање на нови рудници за јаглен и металички минерални суровини. Забрана за рудници од површински коп и употреба на цијанид. Забрана за движење низ градските средини на сите мобилни извори кои загадуваат под ЕУРО 3 стандард, почнувајќи од Скопје, вклучително мобилната механизација во индустријата, градежништвото и сл.