Македонија
20. April 2017 - 20:28

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија со протестен марш во Кавадарци

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.

Приврзаниците на иницијативата ги повторија барањата за отфрлување на Тиранската платформа и задржување на унитарноста на државата. Пред присутните говореше Зоран Станоев-Дејзи. 

- Имаме еден избор. Една химна, еден јазик, една држава за сите нас. Сите сакаме заедничка држава и единствена платформа за заедничка Македонија, рече меѓу другото Станоев. 

Притоа нагласи дека продолжуваат со протестите, до исполнување на барањата.